Утрински Весник
Балкан

Заврши рочиштето на соседите на малата Данка од Бањско Поље: Еве што рекоа во обвинителството

Danka Ilic 1.jpg

Живанка и Раде Трајковиќ од Бањско Поље денеска во Вишото јавно обвинителство во Зајечар дадоа исказ за убиството на Данка Илиќ (2).

По нешто повеќе од еден час сведоците, брачниот пар го напуштија обвинителството. Во еден глас кажаа дека останале пред првичните изјави – дека во тој момент биле зад куќата и дека ништо ниту виделе, ниту слушнале.

На прашањето на новинарите како им било да ги гледаат родителите на девојчето, тие рекоа дека ќе молчат за тоа.

Според сведочењето на осомничениот Дејан Драгијевиќ, тој го убил детето на 26 март. До него бил неговиот колега Срѓан Јанковиќ.

Сето ова Јанковиќ двапати го демантираше во обвинителството, пишува Телеграф.

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе распишам избори за неколку дена, подготвен сум да бидам премиер

Телото на Ратко Младиќ префрлено во Военомедицинската академија, погребот во понеделник

Турски медиуми: Директорот на турското разузнавање се сретнал со директорот на грчкото разузнавање