Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Утрешното петочно утро многу свежо – Очекуваме температури и од под 10 степени

Gfs 1 24.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, поради разведрувањето кое се очекува насекаде во Македонија, претстојната ноќ и утрешното петочно утро повторно ќе биде многу свежо. На повеќе места температурите ќе се спуштат до околу 10 степени, а особено во Беровскиот регион, како и на повисоките места во западните и северозападните предели тие ќе се спуштат  и под 10 степени.

Во најтоплите југоисточни предели температурата ќе остане над 15 степени.

Во Скопскиот регион температурата во текот на претстојната ноќ и утре наутро ќе се спушти до околу 13 степени.

Веќе од утре во текот на денот температурите ќе бидат во пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот, но детална анализа околу ова следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања