Утрински Весник
Македонија

Млад скопјанец преживеал хорор – бил киднапиран, принуден да се самозапали и едвај се спасил

Pozar 1.webp.webp

24-годишен скопјанец пријавил дека киндапиран од неколку лица, при што бил принуден да се запали. Тој успеал некако да го изгасне огнот, но заработил изгореници по телото.

Имено, како што информираат од МВР денеска во 00:37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија.

Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина.

Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот