Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство

Policija.webp.webp
Dik 300x250 mk

Двајца кавадарчани се приведени поради физички напади. Едниот ја нападнал сопругата и нејзиниот татко, а другиот е пријавен дека ја нападнал мајка си, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 25 години, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 21-годишна сопруга и нејзиниот 49-годишен татко. Подоцна, во 21.25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 33 години, по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка, дека во семејниот дом физички ја нападнал, појаснуваат од СВР – Велес.

И во двата случаја известен бил јавен обвинител, а по документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени