Утрински Весник
Балкан

Молњи предизвикаа два шумски пожари на грчкиот остров Тасос

Mol I.png

Силни и интензивни молњи рано утрово предизвикаа два различни шумски пожари во северозападниот дел на грчкиот остров Тасос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од противпожарната служба на Грција, интервенираат 32 пожарникари со група пешадиски тим, 13 возила, еден авион и два хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.

Паралелно од градот Кавала со траект на островот се пренесуваат уште 18 пожарникари со група пешадиски тим и пет возила, а со хеликоптер на Тасос пристигнува уште еден пешадиски тим со осум пожарникари.

Можете да прочитате

Парламентарни избори на Кипар: шест партии влегуваат во Парламентот – пораст на радикалната десница

САД ја менуваат политиката кон Балканот

Вучиќ пристигна во Кина – 24info.mk