Утрински Весник
Свет

УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис

20240703074411 Big 730x400 61.webp.webp

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци (UNRWA) процени дека 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис, откако израелските власти издадоа нова наредба за евакуација на градот.

„Само неколку недели откако луѓето беа принудени да се вратат во опустошениот Кан Јунис, израелските власти издадоа нови наредби за евакуација на областа. Повторно, семејствата се соочуваат со принудно раселување. Проценуваме дека 250. 000 лица ќе мора да побегнат. Иако никаде не е безбедно во Газа “, напиша УНРВА на мрежата Х.

Пред само неколку недели, Кан Јунис беше напуштен откако израелските напади оштетија или уништија куќи и згради.

-Тоа е уште еден удар за луѓето и семејствата. Се чини дека тие се насилно раселени повторно и повторно, рече високата офицерка за комуникации во УНРВА, Луиз Вотериџ.

Можете да прочитате

Трамп дозволи одржување UFC настан пред Белата куќа

(Видео) Ајкула уби сурфер на 100 метри од плажата во Сиднеј

Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“