Утрински Весник
Балкан

РС ја усвои Декларацијата од Сесрпскиот сабор

20240702205102 Big 730x400 90.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Народното собрание на Република Српска (РС) денеска, по целодневна расправа, ја усвои Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ, што претходно беше усвоена од владите на Србија и РС на Сесрпскиот сабор во Белград.

Декларацијата беше усвоена со 62 гласа „за“ и три гласа „против“.

Претходно, претставниците на владејачката коалиција одбија да ги прифатат амандманите на опозицијата со кои се бараше 9 јануари да остане Ден на РС, а не како што се наведува во Декларацијата, ден на создавањето на РС.

Претседателот на РС Милорад Додик на дебатата изјави дека Декларацијата е еден од историски најважните и, како што наведе, најмоќните документи на српскиот народ во целина.

„Декларацијата зборува за единството на српскиот народ и одговара на сите прашања и грижи од минатото и ни дава сила да продолжиме напред“, рече Додик во Народното собрание на РС.

Тој смета дека владите на РС и Србија и другите земји, каде што Србите можат да добијат поддршка, ќе изготват оперативни планови за спроведување на Декларацијата

Можете да прочитате

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор