Утрински Весник
Македонија

Метео аларм: Невремето продолжува и оваа ноќ и ќе биде проследено со обилни врнежи, грмежи, појава на град и со ветер од над 70 км/час

Meteoalarm.mk Nevreme.png

Ладниот атмосферски фронт веќе ја зафати нашата територија, а тоа може да го почувствуваме со силниот ветер на повеќе места низ Македонија, а особено во Скопје каде ветерот носеше се пред себе и корнеше дрвја.

Во текот на претстојната ноќ ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења како и со појава на град.

И во Скопскиот регион во текот на претстојната ноќ ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на ново посилно невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни и во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка

Славески потврди дека се консултирал со Мицкоски за влезот на Алта банка, сега се бара купувач

НБРМ: Три олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“: повисок лимит, нови шалтери и целосна исплата на новите приливи