Утрински Весник
Скопје

Ако забележите паднати дрвја врз автомобили или други објекти, пријавете во полиција, велат од општина Аеродром

Aa.webp.webp
Dik 300x250 mk

Општина Аеродром соопшти дека мобилни екипи се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини откако попладнево почна големо невреме.

Од Општина Аеродром информираат дека доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Посочуваат дека штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Потенцираат дека Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават по невремето.

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето.

-Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети, посочуваат од општината

Можете да прочитате

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

Повеќе делови од Скопје денеска без струја – прекини во пет општини

Герасимовски: Центар е во сигурни раце, ќе ги исполнам сите ветувања