Утрински Весник
Свет

Го прегазила косилка: 2-годишно дете остана без стапало по бизарна несреќа во градинка

Gradinka.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На двегодишно момче му го ампутирале стапалото по страшна несреќа во градинка.

Официјални лица во државата Вашингтон велат дека несреќата се случила кога косилка зграпчила дете во градинка во Квинси, која се наоѓа на околу 200 километри источно од Сиетл.

– Работникот косел трева кога детето дошло кај него. Сечилото го фатило за нога и го повлекло под косилката. Стапалото на детето е ампутирано и има сериозни повреди на десната нога, според началникот на локалната полиција во Квинси, Рајан Грин.

Момчето прво било пренесено во локалниот медицински центар од каде поради сериозноста на повредите било префрлено во медицинскиот центар во Сиетл. Лекарите се борат да му го спасат остатокот од ногата.

Ангела Акселсон, пријателка на семејството на момчето, отвори страница „GoFundMe“ за да собере помош.

– Двегодишниот син на мојот пријател е тешко повреден во својата градинка каде го прегазила косилка. Имаат големо семејство и навистина се во тешка ситуација. Моментално се наоѓа во детска болница во Сиетл, каде морале да му го ампутираат стапалото, изјави Акселсон.

Дозволата за работа на градинката е суспендирана додека трае истрагата.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп