Утрински Весник
Македонија

Возач тешко повреден во сообраќајка во Струга

Policija 3.jpg

На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од ОВР Струга.

Можете да прочитате

Мицкоски: На обвинителството коe смислува изговори, им велам дека трпението е при крај

ВЛЕН: Институциите дејствуваат, започна борбата против брзите кредити и коцкањето!

ДУИ: Од луксуз во Маврово до билборди во центарот на Скопје: Кој ги рекламира апартманите на Недим Рама?