Утрински Весник
Спорт

Марсеј го објави назначувањето на Де Зерби

Befunky 2024 5 0 12 33 9.jpg

Марсеј и официјално соопшти дека за главен тренер на тимот е назначен Роберто Де Зерби. 45-годишниот Италијанец потпиша тригодишен договор со францускиот клуб.

Од Марсеј пред неколку дена открија дека имаат начелен договор со стручњакот, но веќе се разјаснети сите детали од договорот и од вчера тој е нов тренер на тимот од југот на Франција.

Де Зерби го напушти Брајтон на крајот од минатата сезона. Тој импресионираше со својата работа во англискиот шампионат и влезе во видното поле на голем број европски гиганти.

На крајот никој од нив не избра да се обложи на него и тој заврши во Марсеј.

Можете да прочитате

За прв пат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард

Германската полиција отвори истрага за претепување на навивач од страна на обезбедувањето на Евро 2024

Мендеш: Ќе направиме сѐ за Роналдо да освои трофеј на неговото последно Евро