Утрински Весник
Македонија

Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“

Severnomakedonci.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“.

Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани.

„Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција“, изјави Муцунски.

Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари