Утрински Весник
Економија

Утре на владина седница ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Ww 8.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.

Со овој проект, повеќе од 300.000 македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи утре, на 28.6.2024 година (петок), информираат од Владата.

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година