Утрински Весник
Македонија

Англичанец паднал во Охридско, го спасила полицијата

1719496655 Ohrid Maraton 750x375 1.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека,  од карпа, во водите на  Охридското езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.

На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош,  кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција.

Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Св.Еразмо” во Охрид.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел