Утрински Весник
Македонија

Клековски: Енергетиката е една од важните прашање и во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ денешната инвестиција во ветерниот парк е една од трите ветерни паркови ветени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Klekovski.jpg

„Разликата меѓу влада на СДСМ и влада на ВМРО-ДПМНЕ е баш способноста и не способноста  на СДСМ да се спроведат декларираните цели, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не ВМРО-ДПМНЕ има демонстрирано дека може да ги достигне целите што ги има зацртано, енергетиката е една од важните прашања во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, делумно и заради енергетската ситуација во Европа и времето на евтин гас е завршено барањето на нови извори на енергија вклучувајќи ја и  зелената транзиција” кажа Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само Вистина на Канал 5 ТВ и додаде:

„Во нашата енергетска програма РЕК Битола е уште столб во наредниот период меѓутоа тоа е за да добиеме време да ја направиме другата транзиција вклучувајќи ги и ветерните паркови. Овој ветерен парк е еден од трите ветерни паркови кои се наведени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ а има и приватни иницијативи за ветерни паркови” нагласи  Клоковски.

Клековски нагласи и дека денешната инвестиција во ветерниот парк е стабилен извор на енергија и долгорочен проект кој дава енергетска независност и поевтина енергија.

„Ова за Македонија значи стабилен пристап до енергија, второ би значело поевтин извор на енергија во моментот што е битен за економијата, но мораме да работиме на нови проекти за енергетска независност и поевтинување на енергијата заради општата конкурентност и ова се долгорочни проекти. Ова важен дел од сувереноста за наредниот период” истакна Клековски.

Клековски исто така кажа и дека со ова ниво на корупција нема ниту ЕУ ниту европски развој и затоа неопходна е борбата со корупцијата и справување со криминалот. 

„Мораме да работиме на искоренување на криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ уште со техничката влада покажа дека има волја и капацитет да се справува со тоа” кажа Клековски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила