Утрински Весник
Македонија

Нови директори на Неврологија и Токсикологија – Д-р. Меџити и Д-р. Чибишев

Img 9758.jpeg

Поранешниот министер за здравсто – Фатмир Меџити и екс пратеникот, д-р Андон Чибишев се новите директори на Клиниките за Неврологија, односно Токсикологија.

Ова денеска го соопшти новиот министер за здравство – Арбен Таравари.

„Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити“, информираше Таравари.

Инаку, д-р Чибишев е долгогодишен професор на Медицинскиот факултет, поранешен пратеник и екс директор на Клиниката за токсикологија

Можете да прочитате

Возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен гостиварец

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг