Утрински Весник
Македонија

Политичката реалност денеска е поинаква од слатките изреки на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Mitko Tra Chuleski.jpeg

Добредојдовте во светот на реалната политика. Светот во кој зборовите имаат поинаква тежина од слатко спакуваните изборни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешната собраниска седница за избор на влада. 

-Поддршката на граѓаните за новото мнозинство е речиси две третини и очекувањата за исполнување на ветувањата се големи. Времето брзо ќе тече за ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја забрза европската интеграција, дека ќе ја промени Преговарачката рамка и дека ќе нема уставни измени.  Исполнувајте, народот за тоа ви дал доверба. Никој во СДСМ не е наивен да мисли дека Преспанската спогодба и Договорот со Бугарија беа лесни за голтање но ние и тогаш и сега веруваме дека тоа е единствениот пат за обезбедување сигурна иднина за сегашните и идните генерации. Свесно влеговме во овие процеси и го заштитивме македонскиот јазик и идентитет. Сега вам ви е редот, издејствувајте подобри услови за членство во ЕУ, рече Трајчулески. 

Македонскиот народ не смее да се храни со невозможни ветувања, оваа генерација политичари има одговорност да испорачува решенија за суровата реалност а не да креира соништа, додаде тој.

Трајчулески зборуваше и за најавеното задолжување од 1 милијарда евра кои потсетуваат на едни минати времиња.

-Се најавува задолжување од 1 милијарда евра а јавноста нема информации од која Влада ќе се земат и под кои услови, ниту дали ќе имаме политички обврски кон таа влада. Затоа што знаеме дека во економијата нема ручек без пари. Објавивте инвестиција но не соопштивме кој ќе гради и колку ќе чини. Се надеваме не се повторува времето кога Субрата Рој беше пречекуван на црвен тепих од кумот Зоран Ставревски. Ова го споменувам затоа што економските ветувања многу потсетуваат на едно време кога вашиот Никола Груевски беше премиер кој ветуваше 8 милијарди евра., рече Трајчулески.

За сите одржливи инвестиции ќе ја имате нашата поддршка.  За сите евентуални екскурзии коишто ќе подгредваат сомневања за корупција жестоко ќе се спротивставиме како опозиција, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Можете да прочитате

Двајца штипјани пазареле откако искористиле туѓа трансакциска сметка

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2500 производи