Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Време е идната Влада да направи нешто за народот

1707051574 Unnamed File.webp.webp

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред.

Идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми усилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните.

Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУи уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти  во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност.

Како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности. Ќе следи бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден.

Македонија мора да се менува на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите. Македонија ќе биде повторно горда и за секој еден од граѓаните.

Можете да прочитате

Загина планинар по пад во провалија кај „Тресонечки водопади“

Татко монструм ги силувал своите малолетни ќерки, мајката им велела да не пријавуваат бидејќи било срамота

Ќе добие ли вечерва СДСМ нов лидер? Еве кои се условите