Утрински Весник
Балкан

Брнабиќ: Ненормално би било Србија да се откаже од ископувањето литиум

Brnabi 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска во Белград изјави дека би било „ненормално“ доколку Србија се откаже од ископувањето на литиум и дека земјата има строги и високи стандарди за заштита на животната средина.

По посетата на театарот „Бошко Буха“, кој се реконструира, Брнабиќ за новинарите изјави дека ископувањето литиум е добро за Србија и дека тоа ќе го надгледуваат не само домашните институции, туку и институциите на Европската унија, невладините организации и граѓанското општество. 

„Ако сите во Лозница се против проектот Рио Тинто, зошто луѓето продавале земја? Ниту еден милиметар земја не е добиена со експропријација, сите ја продадоа земјата“, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека не знае дали ќе има референдум за прашањето за ископување литиум во Србија и наведе дека не е до неа да ја донесе таа одлука. 

Можете да прочитате

Екстремен студ: Во Хрватска утрово температурата се спушти дури до -21 степен

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава