Утрински Весник
Македонија

Страшна несреќа: Се судрија камион “сканија” и автомобил

Brza Pomos 1.jpg

На 21.06.2024 во 12.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во близина на село Прждево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“ со полуприколка „шмитс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(27) од село Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(48) од Демир Капија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., а со телесни повреди се здобил Б.К.(34) од Демир Капија, сопатник во возилото „голф“ констатирани во болниците во Неготино и Кавадарци.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале