Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда: Двајца тешко повредени

Znak Policija Najnov 843x560 1.jpg

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, 42-годишниот Б.Т. од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Пресудата против Хашим Тачи е неприфатлива, ОВК се бореше за слобода

Пресудата за Тачи и лидерите на УЧК е неправедна вели Али Ахмети

СВР Штип расчисти шест кривични дела – уапсен 22-годишниот сторител