Утрински Весник
Македонија

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени

Vreme 9.webp.webp

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Недела попладне ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Можете да прочитате

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Крај на импотентното правосудство: Робусна акција за вистинска правда