Утрински Весник
Македонија

Ќе треба ли да се случи најлошото: Секој од моите колеги пожарникари работи “еден за тројца”, а секое заменичко министерско место расте

Pozharnikari.webp.webp

Авионите за гасење пожар се или неисправни или нема пилоти да пилотираат со нив. Територијалните единици за противпожарна заштита имаат недоволно возила, но и тие кои им се на располагање се стари со децении, изјави вчера Стојанче Ангелов од ЦУК.

Во вакви услови Македонија ја дочекува новата сезона на пожари, а топката се префрла кај сите. Додека едни обвинуваат дека има недоволен број на авиони, други обвинува дека граѓаните не се заинтересирани за оваа професија па нема доволен број на пилоти, а ниските плати не сакаат ниту да ги коментираат, велат такви се какви што се, нема што повеќе да се направи по тоа прашање…

Поради проблемите со кои се соочуваат пожарникарите, на социјалните мрежи се огласи еден од нив кој потенцираше дека не треба да се случи најлошото за сите да се свестат за важноста на противпожарната служба во Македонија.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение во целост:

“Ќе треба да се случи најлошото,
да е доцна, па да се свестат дека без Пожарна нема држава.

Од кога е ветено дека урбаниот скопски пожарникар, со опрема од 35 кг. на себе, нема да ја троши максималната сила а минимална бројка по вработен, на депонии,шуми,локални ѓубришта, стрништа, ниви и нелегално а контролирано горење?!???!

Не обвинуваат и први сме на мета,
за секаков тип на мирис, загадување и секаков вид на чад… Ние сме извршители и спасители во акција, не сме еколошко друштво и инспектори.

Има ли некој надлежен и одговорен,
кој нема да изиграва подавач на топката?

Нема пилоти, нема летала, скапо е горивото,нема екипираност во “Национални Шуми”, нема доброволни ПП друштва, има само 193/112 и “удри” по телефон, па на грб на работникот во униформа.

Можам и со подолги реченици, како и маките со условите во кои се наоѓа секој пожарникар/спасител поединец.
Секој од моите колеги работи “еден за тројца”, секое заменичко министерско место расте.

Дали размислувате дека незгодата не бира ни време ни место? Може да сте и вие потенцијална жртва, костумираните “бирани господа” од прв ред?!?”, стои во објавата.

Можете да прочитате

Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2500 производи

Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при вршење јавен превоз со товарно возило