Утрински Весник
Свет

Владата на Израел повтори дека е посветена на уништувањe на Хамас

Picture 777 660x487 1.jpg

– Владата на Израел денеска повторно соопшти дека е посветена на уништувањето на Хамас и покрај тврдењата на портпаролот на израелската армија дека не може да биде елиминирана идеологијата на палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.

– Да се каже дека ќе направиме Хамас да исчезне е фрлање на песок во очите на луѓето.

Ако на крајот не обезбедиме алтернатива, ќе го имаме Хамас, изјави синоќа портпаролот на израелската армија, контраадмиралот Даниел Хагари.

Неговата изјава набрзо беше отфрлена од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија Влада тврди дека израелската офанзива во Појасот Газа нема да заврши се до поразот на Хамас.

– Политичкиот и безбедносен кабинет предводен од премиерот Нетанјаху како една од целите на војната го дефинираше уништувањето на раководството и воените капацитети на Хамас.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) секако се посветени на тоа, се наведува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Додека израелската армија на Телеграм објави дека Хагари мислел на Хамас како идеологија и оти неговите изјави се јасни и директни. 

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море