Утрински Весник
Македонија

Матео жив и здрав се врати дома

448385796 492703696474884 4713888651017671688 N 408575.jpg

Малиот Матео за кого се собираа донации за лекување во Белград се врати во добра здравствена состојба назад во Македонија. Ова го објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук.

„МАЛИОТ МАТЕО ЖИВ И ЗДРАВ СЕ ВРАТИ ДОМА!

Среќен сум што можам да споделам со Вас дека Матео е во добра здравствена состојба и го чека терминот за редовна контрола во болницата во Белград.

Матео е едно прекрасно дете кое утрово имав можност лично да го запознаам.

Ова е една од средбите кои ќе ги паметам целиот мој живот!

Им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа и за миг ги собравме потребните средства за лекувањето на Матео“, објави Стефковски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентските домови

Битиќи: Доцни повратот на ДДВ, се враќа времето до 2016 година кога компаниите страдаа

Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники