Утрински Весник
Македонија

Николоски најавува кратење на јавниот сектор и укинување на директорски позиции во здравството

Img 9532.jpeg

Иако го зголемивме бројот на министерства, нашата идеја е да скратиме 20-на проценти од државните институции и функционерски позиции, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма. Според него, јавната администрација е преобена и неефикасна, а приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила, но демантира дека тоа ќе биде политички реваншизам.

-Прво кратење ќе биде во делот на т.н. економски директори, болниците веќе нема да имаат економски директори, сметаме дека тоа е една од причините за колапсот на здравството. Второ, ќе се укинат по двајца директори на секоја клиника и ќе има само еден директор за цел Клинички центар во Скопје. Трето, ФЗОМ ќе добие еден директор наместо да има двајца, болниците низ државата ќе имаат по еден директор наместо да имаат два директори. Неколку Агенции поврзани со Министерствата, на пример се формира Министерство за енергетика, Агенцијата за енергетика се укинува, ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има и сериозна истрага, и бројни други институции, рече Николоски.

Според него, Законот бил поднесен по скратена постапка затоа што предлагачите сметале дека ќе биде нечесно да се именуваат министри, а по половина година нивните ресори да бидат укинати.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час