Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Потпорниот ѕид на Клинички е надлежност на Град Скопје

20240611145226 Big 730x400 15 1.webp.webp

Ја известуваме јавноста дека по денешниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска до срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија, велат од Град Скопје.

Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување.

Можете да прочитате

Плоштадот „Скендербег” беше домаќин на боречки натпревари во рамките на „Културно лето на Чаир 2026″

Група карпошани протестираа за слобода на Стевчо Јакимовски, подготвени и да ја демонтираат бараката поради која е осуден

Левица: Каде е ветениот паркинг пред „Црвенкапа”