Утрински Весник
Свет

Кремљ вели дека самитот за Украина дал „нула“ резултати

20240617114935 Big 730x400 82.webp.webp

Кремљ денеска соопшти дека меѓународниот мировен самит за Украина, предводен од Киев, дал – „нула“ резултати.

-Ако зборуваме за резултатите од таа средба, тогаш тие се сведуваат на нула, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Самитот, на кој присуствуваа над 100 претставници на земји и меѓународни организации се одржа во швајцарскиот град Бургеншток и имаше за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина.

Можете да прочитате

Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане, смета Трамп

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници

Иран само во септември заработил повеќе од три милијарди долари од извоз на нафта, најмногу во последните две години