Утрински Весник
Магазин

Неделен хороскоп 17.06.2024 до 24.06.2024

Dneven Horoskop 30 Mai Truden Raboten 674.jpg

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Доколку работите со партнер, ве очекуваат добри вести и поголема сума на пари.

ЉУБОВ: На полето за љубов се оди глатко, партнерот ви е посветен, само уште недостасува да му возвратите со иста мера.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со уринарниот тракт или функцијата на бубрезите.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Можете да се надевате на многу убави случувања на деловен план, ве очекува големо олеснување.

ЉУБОВ: На љубовното поле ќе уживате во секој прекрасен момент кој ќе го поминете со партнерот, ве очекува и мало изненадување.

ЗДРАВЈЕ: Здравствената состојба ви е се подобра.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Се наоѓате во добра работна фаза, ќе имате поволни настани на кои ќе слушнете одлични вести. Работете поорганизирано.

ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат ново познанство. Вистинската љубов доаѓа кон нив.

ЗДРАВЈЕ: На полето за здравје ќе немате никакви проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можете да очекувате важни разрешувања доколку планирате некоја работа поврзана за недвижнини или продажба на земјиште. Поголема сума на пари доаѓа накај вас.

ЉУБОВ: Слободните ќе имаат интересна средба, оние во врска или брак ќе ја зацврстат љубовната состојба со посмели чекори.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со органите за варење.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Периодот е поволен за патување или деловни преговори, ќе имате доста среќа на ова поле.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде многу возбудлива, ве очекуваат нови прилики за флерт.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за синусите и исхраната.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: На деловениот план оваа недела очекувајте позначителен прилив на пари.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можно е да заземете малку попасивен став.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со зголемен холестерол.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Пред вас е фаза во која ќе имате многу среќа на сите полиња. Оваа недела нема да имате премногу напорни обврски.

ЉУБОВ: На полето за љубов ќе цветаат рози со личноста која искрено ве сака и сака да бидете покрај неа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Ќе ви бидат наметнати некои мали ограничувања на деловното поле, но доколку бидете рационални лесно ќе ги надминете.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација би можела да биде интересна доколку ви се допаѓа некоја Риба.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за можни проблеми со загубата на енергија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Можете да очекувате прилика за опуштање и фаза во која нема да бидете претерано оптеретени со обврски.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта преку некој пријател ќе запознаете личност со која наскоро ќе влезете во врска.

ЗДРАВЈЕ: Солидно.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Посветени сте и на работата и тоа во оваа недела ќе ви донесе многу добри резултати.

ЉУБОВ: Во љубовта ќе имате некои пречки и сомнежи. Љубомората нема да ве остави на раат.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот, болки во рбетот.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Доколку планирате соработка со странство, тешко ќе биде да ја остварите. Ќе имате големи пречки оваа недела во работата.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е прилично интересна ако ви допаѓа некој Бик.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за проблемите поврзани со циркулацијата.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Ве очекува некоја добивка на полето за финасии, наследство или добро ново партнерство.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да се надевате на страствени случувања и добра атмосфера.

ЗДРАВЈЕ: Без поголеми тешкотии.

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител