Утрински Весник
Македонија

Приведен 25-годишен скопјанец: Бил баран за издржување казна затвор од пет години

Priveden 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска (16.06.2024) во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(25) од с.Шишево.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји