Утрински Весник
Свет

Руските безбедносни сили ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници

Policija Rusija.jpg

Руските безбедносни сили упаднаа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета.

Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.

-Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени, соопшти Федералната затворска служба на Русија.

Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава. 

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад