Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај на 16.06.2024 (недела) во општина Илинден

Poseben Rezhim.webp.webp

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден” во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. 

Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул.„9″, ул.„8″ до целта – спортска сала Гоце Делчев, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во н.Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Можете да прочитате

Реки вода по улиците во Чаир и Радишани по новото невреме (ВИДЕО)

Претрес во Идризово: Пронајдени ножеви, шипки,стакло, шрафцигери, шприцеви и игли

Без вода утре дел од општина Центар