Утрински Весник
Македонија

Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

591184 0.basic Taojgaga.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Тетово од вторник 18 јуни дворовите на пет училишта ќе ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Паркирањето таму ќе биде бесплатно.

-Ова ќе го олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос, информираат од Општина Тетово.

Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“ како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари