Утрински Весник
Македонија

Средба Османи- Фидан 

Osmani1.jpg
  • Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан кој престојува на работна посета на Северна Македонија.

“Северна Македонија и Турција одржуваат традиционално добри билатерални односи. Се надевам дека оваа динамика ќе биде уште посилна во наредниот период. Турција претставува важен пријател и сојузник на Северна Македонија. Имаме повеќе од 30 години дипломатски односи и во овој период изградивме многу мостови меѓу нашите граѓани” истакна Османи.

Според Османи, неодамнешното отворање на почесниот конзулат во Анталија, а минатата година и во Едрене и во Амасија ќе придонесуваат во збогатување  и проширување на соработката со регионите со акцент на трговијата и туризмот.

Покрај начините на користење на потенцијалите за економска соработка меѓу двете земји, тема на разговор беше и мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, со посебен фокус во сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата. Соговорниците разменија мислења и за други актуелни прашања од надворешната политика.​

Можете да прочитате

Сведок на судењето на полицајците за „Пулс“: Побаравме помош од полицаец да го качиме повредениот другар во автомобил, тој нè одби

Пронајдена марихуана во возило, уапсени пет лица

Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД: Размената на искуства и знаења е клучна за унапредување на полициските капацитети