Утрински Весник
Македонија

СДСМ Аеродром: Зад транспарентот против Филипче стојат други политички субјекти

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

„Општинската организација СДСМ од Аеродром најостро го осудува чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател Венко Филипче. СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата“ се вели во реакциајта на општинската организација на СДСМ од Аеродром.

Тие додаваат дека СДСМ Аеродром е отворена за секој, дава силна поддршка на фер и достоинствена кампања за претседател со цел демократски да се избере нов претседател и раководство кое ќе ја води партијата до нови победи.

Од таму исто така порачуваат граѓаните да не подлегнуваат на ваквите манипулации и подметнувања од онине кои не ѝ мислат добро на СДСМ.

Утрово на одредени портали беше објавено дека активисти од СДСМ Аеродром поставиле транспарент со кој порачуваат дека нивната врата била затворена за Филипче. По демантот од општинската организација станува јасно дека ваквиот транспарент и објави се координирани од надвор со цел влијание врз исходот од внатрепартиските, демократски избори во СДСМ.

Можете да прочитате

Венко Крстевски најави кандидатура за градоначалник на Кочани

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија