Утрински Весник
Македонија

Наставник го тепал својот син и ученик со аутизам среде училишниот двор во Боговиње

Screenshot 9 5.png

Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик.

На видео снимката, објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот, го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.

На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во Боговиње-Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А.(42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, бидејќи на 05.06.2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал својот малолетен син, велат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него, ќе следи соодветниот поднесок, се вели во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Нови терапии влегуваат на позитивната листа

Антикоагулансите Клексан и Фраксипарин на Позитивната листа од јули, најави Клековски

Петровска до Мисајловски: Зошто две години во Министерството за одбрана платите не се зголемени?