Утрински Весник
Економија

Цените на индустриските производи во април зголемени за 0,7 отсто на месечно ниво

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg
Dik 300x250 mk

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април се повисоки на месечно ниво за 0,7 проценти, а се пониски на годишно ниво за еден процент, објави Државниот завод за статистика.

Во април  во споредба со март годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно, се повисоки за 4,9 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, за 1,6 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 0,5 проценти  во Преработувачка индустрија, а непроменети се во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Во април годинава во споредба со април минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 0,3 проценти и во Преработувачка индустрија за 1,3 проценти, a се повисоки во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6 проценти и во Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6 проценти.

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14