Утрински Весник
Македонија

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни 

D0b7d0b0d0b2d180d188d0b8 D0b7d0b8d0bcd181d0bad0b8d0bed182 D180d0b0d181d0bfd183d181d182 D183d187d0b5d0bdd0b8d186d0b8d182d0b5 D0bed0b4 63cd8b7178165.jpeg

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. 

Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.

-Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови.  Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. Тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, рече пред два месеца министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.

Аплицирањето е електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука (e-uslugi.mon.gov.mk) .

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор