Утрински Весник
Економија

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

Klub Na Istrazhuvachite 51.jpg

Народната банка ја информира јавноста за одржување на 51. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 27 јуни 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

На оваа сесија, своите трудови ќе ги презентираат добитниците на Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година. Како добитник на првата награда Никита Ристовски ќе го презентира својот труд: „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија”. Презентација ќе одржи и добитникот на втората награда Стефан Таневски, кој ќе го презентира својот труд: „Монетарната политика и каналите на цените на средствата во контекст на регионализацијата на берзите во земјите на поранешна Југославија”.   

Сесиите на Клубот на истражувачите се од отворен карактер и интерес за присуство може да се изрази преку достава на електронска пошта на адресата opstiinfo@nbrm.mk.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија