Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата

20240609160620 Big 730x400 82.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Под мотото „Акредитација. Зајакнување на утрешнината и обликување на иднината“ денеска Институтот за акредитација, како единствено национално тело за акредитација, ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

Во рамки на свеченоста ќе биде промовиран „Билтенот за работа на ИАРСМ за 2023 година“ и ќе бидат врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност, во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година.

Како што најавуваат организаторите, поздравно обраќање на настанот ќе има претставник од Владата.

– Како и секоја година, и годинава се очекува присуство на бројни гости – претставници на јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари, информираат од Агенцијата за акредитација.

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија