Утрински Весник
Свет

Макрон го распушти Парламентот и закажа предвремени избори на 30 јуни

1708104533 382194 Makron Ja Suspendirashe Demokratijata.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го распушти Националното собрание, најавувајќи предвремени избори за неколку недели, поради лошите резултати на неговата партија на гласањето за Европскиот парламент.

Првиот круг на изборите за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот 7 јули, објави Макрон во обраќањето до нацијата.

По тешкиот изборен пораз од екстремно десничарскиот Националн фронт на Марин ле Пен, Макрон изјави дека исходот „не е добар резултат за партиите кои ја бранат Европа“.

Националниот фронт на Ле Пен на денешните избори за Европскиот парламент освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон. Социјалистите освоија 14 проценти од гласовите.

Претворено во мандати, Националниот фронт на Марин Ле Пен добива 31, Ренесанса на Макрон 14, а социјалистите 13.

Ле Пен го опиша изборниот резултат како „историски“

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж