Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за реорганизација на државната управа

Si Anovska Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. 

Во објава на „Фејсбук“, Сиљановска-Давкова појаснува дека се работи за закон кој се носи со двотретинско мнозинство којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.

– Законот е реформски и со него прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам, трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), стои во објавата на Фејсбук.

Законот беше донесен доцна вечерта во петокот со двотретинско мнозинство. Поддршка дадоа 88 пратеници, а 22 беа „против“. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, партијата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. 

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)