Утрински Весник
Македонија

(Фото) Тачи повикувал да се гласа за Силјановска и уште тогаш тврдел дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ за идна влада

Hih.jpg

Во група на мобилната апликација Ватс Ап, лидерот на ДПА, Мендух Тачи ги повикува сопартијците на претседателските избори да гласаат за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Да се повикуваат диксретно нашите гласачи да се гласа за Гордана Силјановска Давкова со реден број 2, бидејќи имаме договор за идна влада со ВМРО“ стои во насоката испратена од Тачи.

Мендух Тачи и неговата ДПА на последните избори станаа дел од Европскиот фронт коалиција предводена од ДУИ, но дел од пратениците од овој Фронт синоќа гласаа за предложените измени од страна на Христијан Мицкоски на Законот за органзирање и работа на органите од државната управа.

Можете да прочитате

Над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени во земјава се никотински корисници

Сиљановска-Давкова од „Криволак“: Кога светот е растргнат меѓу војните и надежта, нашата армија демонстрира интероперабилност и подготвеност

Со одобрување од Обвинителството и Апелација, МВР му далo времен пасош на Јахоски за да оди во Турција