Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Залутан граѓанин во реон на Старо Нагоричане

112cuk.webp.webp

Граѓанин залутал во реонот на општина Старо Нагоричане, движејќи се накај бањата Стрнобац, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. Полицијата презема мерки за пронаоѓање.

-Граѓанин се јавил на 112 дека залутал и се изгубил, движејќи се кон Стрновац- бања во Старо Нагоричане. По конференциска телефонска комуникација со дел од службите од Системот за управување со кризи и со ОЦ СВР Куманово, било донесено решено дека дежурните од полицијата од ПС Старо Нагоричане ќе го контактираат директно со лицето и ќе му помогнат – прво ќе му дадат насоки за движење, а потоа ако е потребно и ќе појдат по него на терен според локацијата добиена од неговиот мобилен телефон, соопшти ЦУК

Можете да прочитате

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп

Петровска: Наместо чаши вода пред камерите, јавноста заслужува одговори за труењето!