Утрински Весник
Магазин

 „Лакост“ со изменето лого му изрази поддршка на Ѓоковиќ

Img 8894.jpeg

Компанијата „Лакост“, која е технички спонзор на Новак Ѓоковиќ, е со најдобриот светски тенисер и кога му е најтешко. По повлекувањето од Ролан Гарос и повредата на менискусот, српскиот тениски ас беше подложен на операција на коленото во Париз, а францускиот бренд, на духовит начин, му испрати поддршка со желба за што поскоро рехабилитирање и враќање на терените.

Крокодилот, кој е заштитен знак на „Лакост“, заврши со колено во завои. Логото веднаш стана вирално, а набрзо преку својот профил го сподели и Тјери Гибер, извршен директор на славната француска компанија.

„Брзо опоравување и враќање во полна сила. Благодарност на Графа за креативноста“, пишува на официјалниот профил на брендот „Лакост“. Новото лого на компанијата го сподели и самиот Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него