Утрински Весник
Македонија

Таравари: Главен приоритет е старт на преговорите со ЕУ

1707992878 D182d0b0d180d0b0d0b2d0b0d180d0b8 D0bdd0b5d0bcd0b0 D182d0b0d0bad0bed0b2 D184d0b0d0bad182d0bed180 D0bad0bed198 D0bcd0bed0b6d0b5 D0b4d0b0 63cd8c171e9c3.jpeg

Градоначалникот на Гостивар Арбан Таравари кој е дел од коалицијата Вреди, во изјава за Трилинг на ТВ 24, вели дека има реални шанси да биде министер за здравство во новата влада што ќе предводи Христијан Мицкоски.

– Ми требаат неколку консултации во партијата. Разговараме во Централното претседателство, разговараме и во Општината. За мене уште еден битен елемент – дали граѓаните би гласале уште двапати до следните локални избори, посочи Таравари.

Прашан дали стартот на новата влада ќе биде проследен низ диоптријата на тоа – не го прифаќаме уставното име, тој одговори дека „не верува во тоа, дека уставното име на државата е Република Северна Македонија, во приватна конверзација може да разговараме како сакаме, но оти треба да сме свесни и да се почитува уставното име“.

– Топ приоритет на државата е започнување на преговорите со ЕУ. Да се одржи европскиот пат на државата, што побрзо толку подобро. Да изнајдеме решени кое ќе е прифатливо и за идната влада во Бугарија. Работиме интензивно, сепак не зависи само од Вреди, повеќе зависи од идниот премиер. Тука сме да го охрабруваме за што побрзо да се случат уставните промени. Има одредени варијанти за временската рамка за уставните измени, тој ексклузивитет го има идниот премиер, да почекаме да завршат европските избори, изјави Таравари.

Тој смета не се реални очекувањата и оти е „невозможна мисија“ да се промени преговарачката рамка со ЕУ.

– Не, тоа е невозможна мисија. Постојат 2-3 модалитети прифатливи за Скопје и Софија. Има опции за кои се размислува интензивно за да биде решение кое многу брзо може да помине. Овој мандат не само што ќе започнат преговорите со ЕУ, може и многу брзо да течат. Не се сомневам дека сите што сме дел од идната влада имаме искрени и чесни намери. Да се бориме искрено со криминал и корупција, да го одржуваме здравството, да бидат паралелни процеси. Има бројки оваа влада. Ако се најде решение Скопје – Софија, може веднаш да поминат уставните промени, вели Таравари.

За договорот со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ околу владините ресори смета дека „распределбата е коректна, во однос на целокупната ситуација, деке не се многу битни бројките и институциите, туку битни се луѓето кои ќе раководат и меѓусебниот респект во идната влада“.

Гостиварскиот градоначалник е оптимист дека предложениот закон за прекројување на министерствата и нови ресори во владата, ќе помине во Собранието без проблеми, и за тоа очекува поддршка од сите парии

Можете да прочитате

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува