Утрински Весник
Спорт

Олимписките прстени, тешки 30 тони, поставени на Ајфеловата кула

20240607101207 Big 730x400 72.webp.webp

Петте олимписки прстени, кои тежат вкупно 30 тони, изминатата ноќ беа поставени на Ајфеловата кула во Париз, јавија локалните медиуми.

Олимписките прстени во зелена, црна, црвена, жолта и сина боја се поставени на височина од 70 метри, помеѓу првиот и вториот кат на Ајфеловата кула.

Олимписките кругови се свртени на страната кон реката Сена и плоштадот „Трокадеро“, каде на 26 јули ќе заврши церемонијата на свеченото отворање на Игрите.

Џиновските кругови се широки 29 метри, високи 15 метри, со дијаметар од девет метри, и се поголеми од олимписките прстени кои беа поставени на „Тауер Бриџ“ во Лондон во 2012 година, но помали од оние во Токио во 2021 година.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија