Утрински Весник
Балкан

Руски богаташ ја купи една од најпознатите фабрики во екс Југославија

Zvecevo Fabrika Za Slatki.jpg

Рускиот бизнисмен Денис Штенгелов преку компанијата Flexway adriatic стана сопственик на 75 отсто од хрватската компанија „Звечево“.

Тој ациите ги купи од Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција. Токму толку ќе треба да им платат на малите акционери за купување на нивните акции, потврдија од Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги.

Алвир ја продаде компанијата за 11 милиони евра. Штенгелов поседува и контролира КДВ, голема компанија за храна во Русија. КДВ се занимава и со производство на слатки и е сопственик на малопродажниот синџир „Јархе“! со повеќе од илјада супермаркети во Русија.

Штенгелов, руски државјанин, со години живее во Австралија, а Украина го стави на списокот на санкционирани лица. Но, Европската унија не го направи тоа, па тој можеше да ја реализира трансакцијата. Тој работи преку неговата компанија „Flexway“ со седиште во Дубаи.

Три месеци пред обврската за преземање на акцијата „Звечево“ се тргуваше на Загрепската берза по просечна цена од 7,32 евра. Но, малите акционери сега ќе добијат најмалку пет пати повеќе.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата