Утрински Весник
Македонија

Деспотовски и Филипче со ист слоган, ветуваат „Нов СДСМ“

7df332a9 2bad 44d5 Aded 578e9f68a5cb.jpg

Тројцата најсериозни кандидати за претседател на СДСМ, Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски денеска ги поднесоа кандидатурите за претстојните избори закажани за 30 јуни.

Сите тројца ветуваат силен ангажман во процесот на опоравување на партијата која на последните парламентарни избори го постигна најлошиот резултат во историјата на нејзиното постоење.

И тројцата кандидати се уверени дека со своето искуство и капацитет можат да ја вратат партијата на победничките патеки, најавуваат разговори со членството, унапредување на демократските процеси и внатрепартиско обединување.

И Филипче и Деспотовски и Петровска до партијата ги доставија своите програми за работа со кои ќе бараат доверба од членството.

Но она што може да се забележи се речиси идентичните слогани на Деспотовски и Филипче.

Депсотовски настапува со слоганот „Нов почеток, нов СДСМ“ додека слоганот на Филипче е „Нов СДСМ за нови победи“ по што останува нејасно дали се работи за чиста случајност или пак можеби исти тимови работеле на нивните програми.

Програмата пак на Петровска е насловена како „Манифест за социјалдемократијата“.

Деспотовски освен програма, има направено и сопствен веб сајт, што го одвојува од другите кандидати, а она што исто така денеска беше забележливо е што тој својата изјава за медиумите на ја даде пред партиското седиште, туку на улица Македонија.

Социјалдемократите својот претседател ќе го бираат на 30 јуни, а утре е крајниот рок за доставување на кандидатурите.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор